„Пијанечки денови на сливата“ на 21 септември
Традиционалната манифестација „Пијанечки денови на сливата“, настан кој има за цел промоција на пијанечкиот бренд - сина слива, ќе се одржи на 21 септември во Делчево.
Како што информираа од општина Делчево, во рамките на јавниот настан ќе биде прикажан начинот на подготовката на сите традиционални производи од слива карактеристични за Пијанечкиот крај.
- На едно место на отворено во Делчево ќе се слави традицијата на печење сливова ракија, ќе се подготвува мармалад и слатко од сливи. На штандовите ќе се изложат традиционалните производи подготвени по старинските рецепти, но и модерните рецепти кои ќе можат да се купат и да се дегустираат на лице место, рече портпаролот на општината Даниела Такева.
Како што додаде Такева, за најдобрите учесници се предвидени две награди, првата во износ од 12 илјади, а втората осум илјади денари.
- Исто така, предвидена е награда за највкусен мармалад за што учесникот кој ќе победи ќе добие четири илјади денари, а посебна награда во износ од три илајди денари, ќе се додели за најдобро украсен штанд, рече Такева.
Заинтересираните за учество во манифестацијата можат да се пријават во општина Делчево најдоцна до 19 септември 2018 година.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ