Пијан тинејџер зад воланот на „ауди“ предизвика страотна сообраќајка, сопатникот (14) во кома
Вчера во 22,15 часот во с. Ново Село-Куманово, на регионален пат Скопје-с.Никуштак-Куманово, поточно во близина на „Икина викендица“, се случила сообраќајна незгода во која 16 годишен малолетник од с. Љубодраг-Куманово, управувајќи патничко моторно возило „Ауди А-4 Авант“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.А. од Скопје, изгубил контрола над истото, при што излетал надвор од патот и се превртел.
По незгодата, сопатникот од возилото лице на возраст од 14 години од Р.Словенија, Горња Радгона, е пренесено во УЦ Куманово и констатирани му се тешки телесни повреди на череп, опасни по живот и по укажана лекарска помош како итен случај е упатен во УЦ Скопје.
Увид на местото на настанот е извршен од екипа при СВР Куманово.
По предходно добиено овластување на ЈО од Куманово, од малолетниот возач е земена крв за анализа, и констатирано е присуство на 0,56 промили алкохол во крвта.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот