Македонија
23. August 2016 - 14:47

Петти Институт за подготовка на глобални лидери

Делегати од 27 земји учествуваа на Институтот за подготовка на глобални лидери во Македонија.

На единаесетдневната школа учесниците имаа можност да проследат програма со предавање од предавачи вклучувајќи ги Сиесте Бакер, поранешен директор на Евросонг, Доналд Стил, поранешен шеф за комуникации на BBC, како и домашни предавачи меѓу кои и Коста Петров, сопственик на Пи Ворлд.  

На доделувањето на дипломите на финалната церемонија, се обрати Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија и извршниот директор на Здружението Трет Милениум, Ангела Велкова.

- Среќни сме што оваа година одбележавме петта година по ред од Институтот за подготовка на глобални лидери. Во време на се почести проблеми во светот, конкретно со сиромаштија, немири, војни и раздор помеѓу граѓаните, имаме млади лидери кои треба да поттикнат на сплотеност во нивното општество да научат како да се биде лидер на глобалната сцена, да ги решат проблемите, да превенираат. Дефинитивно нашите предавачи, како амбасадори и значајни фигури од бизнис секторот, им дадоа една поинаква перспектива на делегатите за тоа како треба да се функционира во секојдневието и да се соочува со проблемите. Моќта на сите е во говорот, во јасната порака која треба да се испрати до младите, идните двигатели во светот, изјави Ивана Стојаноска, директор за прием и стратешки иницијативи на Институтот за подготовка на глобални лидери.

Настанот е организиран од страна на Здружението на граѓани за глобални развојни иницијативи „Трет милениум”.