Петровска: Северна Македонија е целосно усогласена со европската надворешна и безбедносна политика
„Надворешната политика на Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија. Оваа политика е исклучително важен инструмент на унификација и инструмент за интензивен политички дијалог со Унијата“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со претставници на Делегацијата на ЕУ и Европската служба за надворешна политика предводени од Хулиан Васало, заменик – шеф на Делегацијата на ЕУ и Рори Дом, шеф на девизија во Европската служба.
Министерката истакна дека силната соработка помеѓу НАТО и Европската Унија во контекст на руската агресија врз Украина, е јасен приказ на кохезијата и одлучноста да се заштити стабилноста на евроатлантската област и меѓународниот поредок базиран на принципи и правила. Петровска се осврна и на македонскиот придонес кон регионалната стабилност преку учество во мисиите и операциите на Унијата, како и учеството на Армијата во борбената група на Унијата ХЕЛБРОК во првата половина на 2023 година, предводена од Грција.
„Северна Македонија има клучна улога во зацврстувањето на мирот и стабилноста и преку учеството во мисии и операции на Унијата, а пример за тоа е учеството на 33 армиски припадници во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР – АЛТЕА, како и учеството на армиски офицери во тренинг мисијата на Унијата во Централноафриканската Република“, истакна Петровска.
Министерката порача дека членството на Северна Македонија во НАТО е комплементарно со нашата интензивна соработка со ЕУ и нашата стратегиска цел – ефикасен пристапен процес и што е можно поскоро полноправно членство во Унијата.
На состанокот стана збор и за зацврстување на соработката, имајќи ја предвид веќе воспоставената комуникација со Европската одбранбена агенција, особено во контекст на копнените сили, логистиката и комуникациско-информациските системи. Се разговараше и за можностите за развој на капацитетите со поддршка од Европската служба, со цел подобра подготвеност за придонес во операциите и мисиите на Унијата, со што ќе се зацврсти и стабилностa на регионот и пошироката област.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци