Петровска: Данела Арсовска има резервна татковина, има бугарско државјанство и е почесен конзул на Унгарија
“Почитувани граѓани, почитувани новинари,
На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска.
Ова е го документот, Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.
Од кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате?
За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски?
Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија.
Почитувани граѓани, ова е класично потценување и навреда на скопјани.
Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот?
Даниела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје.
Странски инсталации кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат.
Г-ѓо Арсовска уште колку тајни криете вие од скопјани?
Во недела, на 31 октомври да се обеидниме, масовно да излеземе на изборите и да не дозволиме туѓи интереси да ни одработуваат среде главниот град, среде Скопје” , вели Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица