Петнаесет сообраќајки во Скопје, тешко повреден мотоциклист
Возач на мотоцикл бил тешко повреден во една од вкупно 15 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден. Во шест сообраќајки со полесни повредни се здобиле седум лица, а во осум била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала осум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четворица почетници, како и 24 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач за не носење сигурносен појас, како и 28 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Затекнати биле 97 возило непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници