Петмина загинати при превртување на брод во Нов Зеланд при веројатен судар со кит
Во несреќа во Нов Зеланд, пет лица загинаа, а шестмина беа спасени при превртување на мал брод, соопштија властите, наведувајќи дека до несреќата дошло кога пловилото се судрило, најверојатно, со кит.
Полицијата соопшти дека рибарски брод долг 8,5 метри се превртел во близина на градот Каикур на Јужниот остров и се истражува причината за несреќата. Градоначалникот на Каикура, Крег Макл, изјави дека водата била целосно мирна во моментот на несреќата и дека се верува дека се појавил кит што се наоѓал под пловилото.
Тој рече во тој дел минуваат китови. Градоначалникот рече дека жителите помогнале во спасувачките напори во текот на денот, но дека постои чувство на вознемиреност бидејќи водата била толку студена што стравуваат за секој што паднал во водата.
Тој рече дека размислувал за можноста од судир на чамец и кит, со оглед на бројот на китови кои минуваат низ тој простор, но дека досега не слушнал за такви несреќи. Каикура е популарна дестинација за гледање китови.
Таму, морското дно наеднаш станува длабоко, блиску до брегот. Неколку компании организираат патувања со брод или возења со хеликоптери за туристите да видат китови, делфини и други морски животни одблиску.
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината