Петличковски: И без британскиот сој може да се зголеми бројката на заразени
Директорот на Институтот за имунологија Александар Петличковски во Студио 10 истакна дека можно е и без британскиот сој на коронавирусот да се зголеми бројката на заразени, зошто сме олабавени повеќе сега.
„Ќе има и уште понови соеви, но тоа драстично не влијае на движењето на епидемијата која сиима свој предвидлив тек. Ништо спектакуларно нема со откривањето на човек пациент кој бил инфициран со британскиот сој.“ - вели Петличковски.
Тој вели дека нема простор за паника, иако овој сој е позразен и во оваа фаза имаме постигнато солидно ниво на колективен имунитет и ни недостасува малку додаток на уминиација со вакцини. Британскиот сој не е присутен од вчера тука, туку е присутен месеци наназад. Тој смета дека е доцна за воведување на рестрикции кои ништо не би смениле. Нема разлика во клиничката слика, а фокусот треба да се стави на вакцинација на поголем број на луѓе.
„Овој вирус е со пониска стапка на мутации од вирусот на грип,“ смета Петличковски.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен
-
Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон вработените во Градската општа болница „8 Септември“
-
Повеќе од 24 часа исчезната е прилепчанката Билјана, семејството моли за помош | ФОТО
-
Сијарто: Пристапувањето на Украина во ЕУ нема да ја зајакне Украина, туку ќе ја доведе Унијата во војна
-
Поранешен чувар во амбасадата на САД во Осло обвинет за шпионажа за Русија и Иран
-
Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник
-
Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје