Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави денеска во Брисел дека немало трилатерална средба со приштинските претставници бидејќи нивниот преговарач, Бесник Бислими,го одбил таквиот предлог, а делегацијата од Белград инсистирала на темите како што се Заедницата на српски општини -ЗСО, службите и прашањето за спроведување на договорот и презентирани мерки за заштита на српскиот народ.
-Трилатералната директна средба со приштинската страна не се одржа бидејќи господинот Бислими одби да се сретне со претставниците на Белград, затоа што инсистиравме на теми како што се ЗСО, службите и прашањето за спроведување, односно примената на договорот, изјави Петковиќ.
Тој по средбата со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, рече дека разговарале за целосно спроведување на сите претходно постигнати и договорени спогодби, како и за сеопфатните мерки што ги презентирал Александар Вучиќ за заштитата на српскиот народ на Косово и Метохија и процесот на заживување на дијалогот.
Петковиќ наведе дека српската страна во Брисел разговарала и за мостот на Ибар, поштенските услуги, енергетиката, телекомуникациите, исчезнатите лица и интегрираното управување со премините.
-Значи, на преговарачка маса беа многубројни теми.
Јас како главен преговарач на Белград ги презентирав мерките на Владата на Република Србија за кои на прес-конференцијата зборуваше претседателот Александар Вучиќ, рече Петковиќ.
По средбите, тој пред новинарите изјави дека разговарале за мерките кои налагаат заживување на процесот на дијалог, што е очајно потребен „бидејќи сме убедени дека само преку дијалог можеме да најдеме компромисно решение за прашањето за Косово и Метохија“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица