-->
-->
Петиција: „Стоп за Законот за градежно земјиште во интерес на урбаната мафија“
-->
Тони Јаревски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Карпош ги повика граѓаните да ја потпишат петицијата.
Петицијата што е во прилог на оваа објава е иницијатива за измена на чл.15 од Законот за градежно земјиште со која од постоечките 30% ќе се предвидат потребни 80% сопственост како услов за откупување на државно земјиште за дооформување на градежна парцела.
Потписниците се уверени дека со оваа измена ќе се стави ред во урбанистичкиот хаос што сега се случува и ќе овозможи похумани услови за живеење, и заштита на животната средина!
Потписниците на петицијата најголемиот дел се граѓани коишто се длабоко разочарани и изманипулирани од актуелната власт, Тие не сакаат да слушаат ЌЕ, сакаат измена на законот сега и веднаш, пред изборите!
Како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, како координатор на нашата советничка група, но пред се како татко, сопруг, Македонец и жител на Карпош оваа петиција ја има мојата целосна поддршка.
Петицијата е on-line и очекувам дека СДС ќе смисли низа на административни и процедурално-правни пречки иницијативата за да не дојде на седница во Собрание.
Ние не сме СДС!
Ние тоа што го ветуваме го исполнуваме!
ВМРО-ДПМНЕ ги слуша потребите и проблемите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ работи за нивно решавање и создавање на услови за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани на Македонија и кога е власт и кога е опозиција!
Затоа, ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Р.Македонија да ја разгледаат, поддржат петицијата и во најкус можен рок да поднесат предлог измена на Законот за градежно земјиште по скратена постапка согласно барањата во петицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија