Пет случајно снимени разговори, кои ги довеле политичарите во неволја
Би Би Си
Златното правило на политиката гласи: секогаш проверете дали е исклучен микрофонот. Но како што можат многу лидери да потврдат, тоа правило често се заборава.
Поради такви непромислени постапки, голем број политичари низ светот, од Америка до Австралија, биле посрамотени.
Таквите разговори всушност покажале и како се одвиваат работите во „темните ходници“ на меѓународната дипломатија.
Овие се највпечатливите:
- Роналд Реган: „Почнуваме да бомбардираме за пет минути“ (1984)
За време на Студенета војна, американскиот претседател Роналд Реган ја зголеми дипломатската тензија со советска Русија.
Додека траела тонската проба пред неделното радио обраќање, Реган се пошегувал со тонецот кој го снимал за НРП радиото.
– Мои драги Американци, драго ми е што можам да ви кажам дека денеска потпишав закон со кој Русија засекогаш ќе биде надвор од законот. Почнуваме бомбардирање за пет минути, изјавил Реган.
Тонската проба не била директно емитувана, но снимката подоцна се појавила во јавност.
Поради тоа советските сили времено биле поставени под највисока тревога на Далечниот Исток.
2. Жак Ширак не сака британска и финска храна (2005)
Некогашниот француски претседател Жак Ширак предизвика негативни реакции со кулинарските коментари кои наводно ги изнел за време на патување во Русија.
Според пишувањето на весникот „Либератион“, политичкиот ветеран разговарал со руски и германски колеги за време на одбележувањето на 750-годишнината на Калињинград.
Мислејќи дека микрофонот е исклучен, Ширак наводно изјавил за Велика Британија: „Не можете да им верувате на луѓе кои толку лошо готват. По Финска, тоа е земја со најлоша храна“.
– Единствено што Британците му дале на европското земјоделство е болеста „луда крава“, додал Ширак.
Неговиот тим за медиуми никогаш не ги демантирал коментарите, иако не се емитувани, туку за нив само се зборувало.
Тоа се случувало во текот на тензичните односи меѓу Британија и Франција, кога двете земји имале конфликт поради субвенциите за земјоделство и одлуката на Франција да не се вклучи во војната во Ирак.
3. „Чао, Блер!“ (2006)
За време на самитот на Г8 во Санкт Петербург, приватен разговор, подоцна познат како „Чао, Блер“, бил фатен од микрофонот во близина на тогашниот американски претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер.
Во текот на разговорот, Буш го поздравил премиерот на Велика Британија, обраќајќи му се: „Чао, Блер, како си?“. Продолжил заблагодарувајќи му се за џемперот кој му го подарил Блер, а кажал и погрдни коментари за движењето Хезболах во Либан.
Зборувајќи за сириската поддршка на Хезболах за време на конфликтот со Израел, Буш изјавил дека се надева оти ОН „ќе издејствува Сирија да го принуди Хезболах да престане тоа да го прави….“, на што следувало и објаснување.
– Да се принуди Кофи Анан да го повика Башар ал Асад и да се случи нешто, додал американскиот претседател.
Поздравот на Буш „Чао, Блер!“ бил исмеан од политичките противници на двајцата лидери. Некои новинари, меѓутоа, веруваат дека тој рекол „Да, Блер“.
4. Гордон Браун и „нестрпливата жена“ (2010)
Додека разговарал со жителите на Рочдејл, град во северниот дел на Англија, на тогашниот британски премиер Гордон Браун му се спротивставила една жена која го прашала за бројот на мигрантите.
По разговорот, Браун влегол во автомобилот со микрофон на Скај њуз прикачен на неговата облека.
Не забележувајќи дека микрофонот е се уште вклучен, тој му рекол на еден од неговите помошници дека разговорот „бил катастрофа – никогаш не требаше да ме поврзат со таа жена“.
На прашањето што рекла таа, Браун одговорил: „Уф, се. Таа е нестрплива жена, која вели дека е членка на лабуристите. Мислам дека е смешно“.
Браун подоцна ја посети жената, Џилијан Дафи, за да и се извини, а извинувањето го повторил и во интервју за радио 2 Би Би Си.
5. „Не можам повеќе да издржам“
Разговорот меѓу поранешните претседатели на Франција и на САД, Никола Саркози и Барак Обама го прислушкувале новинари на самитот на Г20 во Франција.
Непосредно пред прес-конференцијата, на новинарите им се дадени апаратите за преведување, но им е кажано да не ги вклучуваат слушалките додека не заврши разговорот на лидерите.
Неколкумина ги игнорирале инструкциите и го слушнале Саркози како зборува со Обама за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Не можам веќе да издржам, тој е лажго, изјавил Саркози.
– Тебе можеби ти е мачно, но јас морам секојдневно да се борам со него, одговорил Обама.
Неколку дена новинарите не пишувале за тоа што го слушнале, но сајтот Arret sur Images подоцна ја објави приказната.
Тоа дополнително ги заострило односите на Израел и со Франција и со САД.
Ново на Сител
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад
-
Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
-
Две лица повредени откако тинејџерка со автомобил излетала од патот
-
61-годишник со „мерцедес“ излетал кај Миладиновци, четири лица повредени