Пет мигранти од Либија откриени на терминал во Тетово
Пет мигранти од Либија се откриени во камион на царински терминал во Тетово по што се приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Случајот бил пријавен утрово околу 9 часот и 20 минути.
-Во СВР Тетово било пријавено дека околу 8 часот и 30 минути во товарно моторно возило влекач со полуприколка, со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал и во кругот на Царинскиот терминал во Тетово го паркирал З.Д.(50) од Гевгелија, се наоѓаат непознати лица-мигранти.На местото веднаш излегле служби на СВР Тетово и во возилото биле затекнати 5 лица од Либија: Р.Б.(23), М.А.(22), Ј.Ш.(22), О.М.(22) и О.Б.(16), кои со себе немале никакви документи за идентификација.
Петмината мигранти ќе бидат предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети