Пет лица застрелани во училиште во Шведска
Голема полициска акција е во тек во училиштето Рисбергска во Оребро, Шведска. Како што јави порталот Афтонбладет, пукано е во пет лица, но се уште не се знае степенот на нивните повреди.
Инцидентот се случил пред 13 часот по локално време, а властите ги повикале жителите да се држат подалеку од училиштето.
– Слушнавме неколку истрели од надвор. „Не можеме да излеземе, опасно е“, вели лицето кое останало заробено во училиштето.
Од граѓаните било побарано да се држат подалеку од областа или да останат во своите домови.
Полицијата накратко извести дека учениците во неколку училишта во областа биле затворени поради „закани за смртоносно насилство“.
„Извештаите за насилство во Оребро се многу сериозни. Полицијата е на местото на пукањето и операцијата е во полн ек. Владата е во близок контакт со полицијата и внимателно го следи развојот на настаните“, изјави министерот за правда Гунар Штромер за шведската новинска агенција ТТ.
Асошиетед прес соопшти дека училиштето било центар за образование за возрасни.
Ново на Сител
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир