Пет лица приведени во Скопје поради дрога
Ноќеска во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Партение Зографски“ го лишиле од слобода В.С.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Претходно во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Трета Македонска Бригада“ го лишиле од слобода А.Н.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
Во 01.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во подрачјето на населба Карпош го лишиле од слобода В.Ш.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Вчера во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на наплатната рампа Миладиновци, ги лишиле од слобода И.С.(41) и И.Е.(38), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тие биле приведени во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
Против сите лица по документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран