Песна што носи љубов и надеж
СОС Детско Село со гордост ја претставува новогодишната песна која носи силна порака за љубов, надеж и припадност.
Песната е создадена како посебена инспирација на нашите пријатели Мишел Трајковски и Јана Стојановска, со поддршка на многу наши познати личности, и е вистински доказ дека заедно можеме да создадеме магија.
Детскиот хор вклучен во рефренот внесува искреност и празнична радост што допира до секое срце силно пренесувајќи ја пораката дека секое дете заслужува љубов, грижа и семејна топлина.
„Нема поголемо задоволство од тоа да создадеш нешто што ќе ги направи децата среќни, а во исто време да ги поттикне возрасните да размислат за моќта на заедништвото и љубовта,“ изјавија Мишел и Јана, кои со оваа песна направија вистинско новогодишно чудо. „Учеството на нашите колеги е уште еден доказ дека сите можеме да се здружиме за да создадеме свет исполнет со добрина, особено за оние на кои им е најпотребно – децата. Бидејќи, секое дете е наше дете, а сите ние имаме морална и општествена одговорност да обезбедиме тие да растат во свет полн со љубов, грижа и поддршка.“
Спотот е исполнет со празнични сцени – од украсување на елката до заедничко пеење, симболизирајќи го домот и припадноста што секое дете ги заслужува. Овој проект е посветен на сите деца со порака за љубов и безгрижни празници.
Песната ќе биде промовирана на социјалните мрежи, телевизии и радија, и СОС Детско Село ги повикува сите да ја споделат, да ја слушнат и да ја поддржат нашата мисија – секое дете да има среќно детство исполнето со грижа и сигурност.
„Оваа песна е нашиот начин да ја споделиме радоста на празниците и да ја испратиме пораката дека љубовта и поддршката се најубавите подароци за сите деца.“ изјавија од СОС Детско село.
Ново на Сител
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања
-
Онколошки пациенти повторно останаа без биолошка терапија – повеќе пари или подобро планирање?!
-
Трговците се алчни и не ги намалија цените со „Новогодишната кошница“, кажа Трендафилов
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип