Песков: Воведувањето вонредна состојба е внатрешна работа на Турција
Одлуката на турските власти за воведување на вонредна состојба во земјата е внатрешна работа на Турција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Како што јави ТАСС, запрашан да ги коментира информациите дека Москва ги предупредила властите во Анкара дека се подготвува воен удар, Песков изјави дека нема такви сознанија.
- Не располагам со такви информации и не знам од кои извори потекнуваат тие, рече Песков.
Иранската информативна агенција Фарс денеска објави дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган бил предупреден од страна на Русија за подготовките за преврат во Турција, неколку часа пред почетокот на случувањата.
Според овие информации, за кои агенцијата тврди дека ги добила од неколку дипломатски извори во Анкара, турската Национална разузнавачка организација МИТ била предупредена за „неизбежен воен преврат“.
Тоа предупредување наводно се засновало на податоци што ги добиле руски војници, кои „уловиле“ разговор на заговорнициѕе. Во разговорот се правел конкретен план за испраќање неколку воени хеликоптери во хотелот во Мармарис, каде се наоѓаше турскиот претседател, со намера да го уапсат или убијат.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата