Песков: Не сме запознаени со обвиненијата на САД против Руси
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска дека се уште не е запознаен со обвиненијата кои САД ги покренаа против руските државјани за нивна вмешаност во американските избори.
Американското федерално обвинителство претходно денеска соопшти дека се покренати обвиненија против 13 Руси и три руски ентитети поради мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.
- Се уште не сме запознаени (со обвиненија), изјави Песков.
Канцеларијата на специјалниот советник Роберт Мјулер соопшти дека обвинетите се претставувале како американски граѓани и управувале со профили на социјални мрежи за да привлечат внимание на јавноста во САД за време на изборната трка меѓу републиканецот Доналд Трамп и кандидатот на демократите Хилари Клинтон.
Тие се товарат дека прекршиле кривични закони на САД со својата вмешаност во американските претседателски избори и политичките процеси во државата.
Против нив се поднесени обвиненија за заговор, банкарски и интернет измами, тешки кражби на идентитет. Во обвинението се вели дека тие користеле компјутерски системи во САД за да прикријат „руско потекло“ на своите активности
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест