Песков: Не сме запознаени со обвиненијата на САД против Руси
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска дека се уште не е запознаен со обвиненијата кои САД ги покренаа против руските државјани за нивна вмешаност во американските избори.
Американското федерално обвинителство претходно денеска соопшти дека се покренати обвиненија против 13 Руси и три руски ентитети поради мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.
- Се уште не сме запознаени (со обвиненија), изјави Песков.
Канцеларијата на специјалниот советник Роберт Мјулер соопшти дека обвинетите се претставувале како американски граѓани и управувале со профили на социјални мрежи за да привлечат внимание на јавноста во САД за време на изборната трка меѓу републиканецот Доналд Трамп и кандидатот на демократите Хилари Клинтон.
Тие се товарат дека прекршиле кривични закони на САД со својата вмешаност во американските претседателски избори и политичките процеси во државата.
Против нив се поднесени обвиненија за заговор, банкарски и интернет измами, тешки кражби на идентитет. Во обвинението се вели дека тие користеле компјутерски системи во САД за да прикријат „руско потекло“ на своите активности
Ново на Сител
-
Лазаров: Треба да бидеме задоволни, иако пропуштивме победа
-
Агенциите за помош планираат големо распоредување во Газа откако ќе стапи на сила прекинот на огнот
-
Проштално обраќање на Бајден: Во САД се создава „опасна“ олигархија | ВИДЕО
-
Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Бајден за помошта за прекин на огнот
-
Собранието ќе ја одржи 30. седница
-
Студено со утринска магла по одделни котлини, наместа услови за слаб снег
-
На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија