Песков: Москва е подготвена да го поздрави секое посредување за мир во Украина
Русија е подготвена да го поздрави секое посредување во преговори за постигнување мир во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Подготвени сме да го поздравиме секој напор за посредување“, изјави Песков за руски медиуми.
Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во Астана минатата недела потврди дека Русија е подготвена да преговара со Украина под условите што тој претходно ги наведе. Во јуни Путин презентираше иницијативи за мирно решавање на украинскиот конфликт, а според тој предлог Москва веднаш ќе го прекине огнот и ќе изрази подготвеност за преговори по повлекувањето на оружените сили на Украина од украинската територија анектирана од Русија.
Дополнително, Киев мора да објави дека се откажува од намерата да влезе во НАТО и да изврши, како што е наведено, демилитаризација и денацификација, како и да прифати неутрален, неврзан и ненуклеарен статус, наведуваат руските медиуми.
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип