Пешевска: Одговорност и оставка од виновните за случајот со извадени органи на родилката од Дебар
За случајот со медицинската сестра, од пред половина година, јавноста дознава преку медиуми, а министерот за здравство, Венко Филипче и надлежните молчат. Недозволиво!
Родилка остана без органи, министерството за здравство молчи за скандалот и се крие зад корона пандемијата. Никој не бара одговорност, а ги нема ниту гласните невладини организации.
Наместо струшкото обвинителство да постапува за овој случај, постапува за Вевчански карневал.
Министерот за здравство Венко Филипче, треба во итна и транспарентна постапка да утврди што точно се случило со родилката од Дебар и за тоа да даде целосен извештај пред македонската јавност како и одговор на многу прашања кои се поставуваат.
Одговорноста за овој случај, кој се случил пред половина година, досега требало да се детектира и со име и презиме кој е одговорен и веќе истиот требало да одговара.
Македонската јавност очекува и бара одговор на сите поставени прашања и отворени теми од родилката од Дебар. Од тоа дека постојат домашни ординации па се до наводите за дадено мито и корупција. Институциите не смеат да молчат. Ова е голем скандал за кој мора да се утврди одговорност.
Ваквиот однос, во најмала рака несериозен, е недозволив.
Ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ повикуваме на зачувување на правата на жените и репродуктивното здравје на жените. Ги повикуваме сите жени кои што имаат вакво или слично искуство да се обратат за помош, а ние како УЖ сме подготвени да им излеземе во пресрет.
За случајот веќе не смее да има молк! За случајот треба да се спроведе темелна истрага и да се утврди кој е виновен и истиот да одговара и да даде оставка!
Прес-конференција на Жаклина Пешевска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди
-
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата
-
Учениците на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел