Македонија
23. August 2017 - 19:36

Персоналот во српската Амбасада во Скопје се враќа утре

Персоналот на српската Амбасада утре ќе пристигне назад во Скопје. Ова, како што соопшти Министерството за надворешни работи, го информирал првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ во разговор попладнево македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.  

Во соопштението наведуваат дека е договорена и средба меѓу Димитров и Дачиќ во петок во Ниш.

Согласно договореното меѓу премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а со цел зацврстување на традиционално пријателските односи, министрите за надворешни работи се договорија да се сретнат во петок во Ниш, Република Србија, наведуваат во соопштението од МНР.