Персоналот на Белата куќа се плашел да застане покрај Бил Клинтон
Беше ризик да се биде блиску до поранешниот американски претседател Бил Клинтон додека беше во Белата куќа поради неговото недолично однесување, раскажа Линда Трип поранешна работничка во Белата куќа која ја откри аферата на Клинтон со Моника Левински, објави „Њузвик“.
Во интервју за Викли стандард, таа рече дека однесувањето на поранешниот претседател на САД толку многу станало импулсивно што вработените во Белата куќа морале да преземаат одредени „мерки“ за да се заштитат.
- Персоналот за одржување стравуваше да биде во негово присуство, се потсети Линда на актуелните сексуални скандали кои ги тресат многуте сфери на јавниот живот.
Читателите на конзервативното списание ги потсети на предаторското однесување на Клинтон вклучувајќи ги обвинувањата за силување и сексуални напади.
- Персоналот задолжен за чистење на канцеларијата брзо научи да го одбегнува Клинтон, поради неговите импулсни реакции, истакна Линда.
Набрзо после наводниот сексуален напад на волонтерката Кетлин Вајли, Линда разбрала дека Клинтон „навистина е предатор“ и барала преместување, од каде што заминала да работи во Пентагон.
Таа во 1996 година стана пријателка со Моника Левински која и раскажала во детали за односот со поранешниот претседател на САД. Линда нивните разговори почнала тајно да ги снима и покрена случај за Клинтон.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа