Перез до Бензема: Ќе влезеш во историјата на Реал како една од најголемите легенди
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез вчера се обрати до Карим Бензема по заминувањето на напаѓачот од „кралскиот клуб“.
-Денес е многу тежок ден за мене, кога ми доаѓаат на ум спомените и емоциите доживеани во изминатите 14 години. Од објавувањето на збогувањето со Карим, видов голема тага во Мадрид и љубителите на фудбалот кои беа трогнати од магијата на фудбалер како Карим.
Драг Карим, ти стана еден од најдобрите играчи на сите времиња. Видовме како настапуваше неверојатно со нашиот амблем низ светот. И ниту еден Мадридист нема да го заборави тоа. Сите сме многу горди на тебе.
Дојде овде многу млад и стана симбол и една од нашите големи легенди. Со твоето разбирање за фудбалот, постигнатите голови. Успеа да не раздвижиш. Беше и се уште си извонреден играч. На некои им требаше време да го разберат ова.
Ги бранеше вредностите на Мадрид. Ти беше пример во се. Влегуваш во историјата на Реал како една од најголемите легенди. Никој не освоил повеќе од тебе. Времето во Реал Мадрид го завршуваш со Златната топка.
Како претседател, морам да ти кажам дека во сите овие години не знаев да кажам „но“ за твоето однесување. Бензема, ти си пример за сите деца, без разлика дали играат фудбал или не.
Ти благодарам Карим за оваа приказна за фудбалска љубов која веќе ја живеевме заедно и која ќе остане со векови, стои во обраќањето на Перез до Бензема.
Францускиот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера