Пензионери од Тиквешко протестираа во Неготино и Кавадарци
Незадоволни пензионери од Тиквешко протестираа денеска на градските плоштади во Неготино и Кавадарци, барајќи подобар пензионерски живот.
Како што информираа од иницијативните одбори на револтирани пензионери, разочараните пензионери и понатаму ќе продолжат преку мирни протести да алармираат за нискиот стандард во третото доба.
Од Иницијативниот одбор на незадоволни пензионери од Неготино повикаа на протестите да им се придружат и лозари, земјоделци, судски работници и сите други револтирани и незадоволни од економската состојба во која се наоѓаат.
- Молиме за масовност. Колку сме погласни, повеќе ќе не слушнат, повикаа пензионерите, повторувајќи ги барањата, линеарно зголемување на пензиите за по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари.
Тие нагласија дека со мирни протести и блокади, сакаат да се слушне нивниот глас и да алармираат за нивните пензионерски проблеми.
Незадоволни пензионери веќе извесно време мирно протестираат во одредени денови, барајќи подостоинствен живот.
- Не отстапуваме од нашите барања за подобар живот во третото доба, нагласи Ѓорѓи Делов, претседател на Иницијативниот одбор од Кавадарци.
Ново на Сител
-
Презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница
-
Франција со најмногу медали на Светското првенство во биатлон 2025
-
Ливерпул го доби дербито со Сити, Салах продолжува со историски достигнувања
-
Фудбалерот на Фиорентина, Кин кој колабира на натпреварот против Верона е во свесна состојба
-
Мицкоски и ја честита на ЦДУ изборната победа во Германија
-
Мерц ја доведе во прашање иднината на НАТО во неговата „сегашна форма“
-
Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина
-
ДПА: Повеќето герамански гласачи се за коалиција меѓу конзервативците и СПД