Свет
26. October 2015 - 11:22

Пентагон вознемирен поради евентуално оштетување на подводните оптички кабли

Американското Министерство за одбрана изрази загриженост поради присуство на руски бродови и подморници во водите, каде поминуваат клучните подводни комуникациски кабли, кои обезбедуваат телефонски и интернет врски.

„Њујорк тајмс“ наведува дека Пентагон стравува дека во зголемена „тензија или конфликт“ меѓу двете држави оптичките кабли на океанското дно „ќе бидат оштетени“ од Русија со цел „да се прекинат комуникациите, од кои зависат Владата, економијата и граѓаните на западните држави“.

Весникот наведува и дека Пентагон внимателно го следи движењето на руските бродови и подморници и оти „оценува дека брзо ќе се обноват каблите ако бидат оштетени“.