Пентагон: Во Авганистан има 11.000 американски војници
САД располагаат со 11 илјади војници во Авганистан, соопшти Пентагон, откако претходно беше објавена бројка од околу 8.400 американски војници, согласно максимумот наложен од администрацијата на претходниот претседател Барак Обама.
- Тоа не е зголемување на војниците, туку обид да бидеме потранспарентни за вкупната бројност на американските сили во Авганистан, изјави портпаролката на американското Министерство за одбрана, Дејна Вајт.
Соопштението е дадено откако министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис изрази незадоволство од методот за пребројување на американските војници во конфликтни зони.
Зголемувањето е дел од новата стратегија на претседателот Доналд Трамп за зајакнување на военото присуство во Авганистан.
Се очекува испраќање на уште американски војници, но засега не е наведен нивниот точен број.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите