Свет
30. March 2022 - 8:56

Пентагон: Прераспоредување мал број руски војници околу Киев

Русија почна да преместува мал број војници од позициите околу украинскиот главен град Киев, соопшти синоќа Пентагон, притоа оценувајќи дека тоа е повеќе прераспоредување отколку повлекување од позициите.

Портпаролката на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, изјави дека Русија ги прераспоредува своите војници во Украина, а не ги повлекува.

– Имаше ли движења на некои руски единици од Киев во изминатиот ден или нешто слично? Да, така мислиме. Мал број, истакна портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, на брифингот со новинарите.

– Ние веруваме дека ова е репозиционирање, а не вистинско повлекување и дека сите треба да бидеме подготвени за голема офанзива во другите области на Украина. Тоа не значи дека заканата кон Киев е завршена, нагласи Кирби.