Пендаровски: Следам што се пишува за мене на социјалните мрежи
Претседателот Стево Пендаровски информира дека има администратор и оддел кој е вработен во Кабинетот, кој го менаџира неговиот официјален Фејсбук профил.
-Ги добивам сите коментари, кои се однесуваат за мене. Има и многу барања. Следам што се случува, но формално не го работам директно менџаџирањето на профилот. Сепак, добро е да знаете што мислат луѓето за вас на социјалните мрежи. Има и луѓе кои се негативно настроени кон сите, но добро е и тоа да го знаеш, вели претеседателот во интервју за ТВ 21.
Пендаровски наведе дека секое утро добива пресек со информации за тоа што е пишувано за него и по медиумите и на социјалните мрежи.
– Им кажувам давајте ми ги и лошите коментари, ама специфичните каде што има аргумент, каде ме критикуваш со право. Клетви и навреди не ми даваат и не ме интересираат. Издржана критика, колку и да е непријатна, морам да ја прочитам, за да се поправам – изјави Пендаровски.
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла