Македонија
13. December 2019 - 10:22

Пендаровски: Секојдневно имаме судски случаи кои влеваат сомнеж дека правдата не е еднаква за сите

Довербата на граѓаните во судството е во постојана надолна линија, истакна претседателот Пендаровски на конференцијата "30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа". Според него, секојдневно имаме судски случаи кои влеваат сомнеж дрка правдата не е еднаква за сите.

Во однос на случајот "Рекет" посочи дека не очекувал оти носители на толку важни функции ќе потфрлат. Претседателот рече дека многу е значајно да не се дозволи скриена амнестија преку застарување на делото. Според него, случаите од поранешното СЈО мора да имаат разрешница.

Потребна е системска борба против корупцијата, рече Пендаровски, преку неопходни реформи. Појаснува дека тие не треба да се прават заради Европската унија, туку за да се врати довербата кај граѓаните.

 

Даниел Василев