Пендаровски – Норлен: Очекуваме засилување на политичката поддршка од Шведска за евроинтеграцијата
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Стокхолм, во рамки на работната посета на Кралството Шведска, се сретна со спикерот на Парламентот на Шведска, Андреас Норлен, како и со дел од членовите на комисиите за надворешни работи, за европски прашања, претседателот на групата за пријателство на Парламентот на Шведска со Собранието на Македонија и со претседавачот и членови на Управувачката група на соработката за демократски развој со Македонија.
Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, соговорниците разговараа за процесот на проширување на ЕУ и за актуелните случувања во евроинтегративниот процес, како и за соработката меѓу двата парламента. Претседателот Пендаровски, изразувајќи благодарност за принципиелната поддршка на Шведска, истакна дека нашата држава ќе продолжи да работи на домашната реформска агенда. Истовремено, претседателот Пендаровски, се додава, изрази очекување дека во престојниот период ќе се засилува политичката поддршка од Шведска. Во оваа насока претседателот Пендаровски потенцираше дека застојот во проширувањето на Европската Унија ќе се одрази врз стабилноста и ќе има долгорочни негативни последици врз развојот и просперитетот на регионот.
-На средбата соговорниците констатираа дека Македонија и Шведска негуваат исклучително динамични и пријателски односи, при што беа нагласени заложбите за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и соработката. Во тој контекст, претседателот Пендаровски и спикерот на Парламентот, Норлен ја истакнаа неодамна формираната Управна група за демократски развој помеѓу парламентите на двете држави, како важна додадена вредност на парламентарната и воопшто, на билатералната соработка, се наведува во соопштението.
Во шведскиот Парламент, соговорниците разговараа и за приоритетите на Шведска како актуелен претседавач со ОБСЕ, преку кои ги застапува напорите за зајакнување на демократијата, човековите права и родовата еднаквост на сите релевантни форуми, а се заснова на силна посветеност на европскиот безбедносен поредок, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Почина Миа Лав, првата црна републиканка избрана во американскиот Конгрес
-
Поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ ја тужи Агенцијата за спречување на корупцијата
-
Царинска управа: Вратени 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач
-
Уапсен 28 годишeн дилер, при претрес пронајдени се дрога и пушка
-
Народна банка на Србија: Лани рекордно ниво на онлајн пазарење - секој ден во просек по 225.000 купувања
-
Петте најголеми синдикати во Србија дадоа поддршка за студентите во блокада
-
Најмногу врнежи во Маврово, најстудено на Попова Шапка
-
Првите луѓе на американската влада дискутирале доверливи воени информации на обична апликација за пораки