Пендаровски: Нема да им биде дозволен влез на 4 февруари на лицата со лоши намери кон нас
Мојата препорака до нашите партнери беше дека треба да сугерираат ни во Софија да не се помага, односно да не се поттикнуваат организирани транспорти до нашата граница за 4 февруари. Ве уверувам, постојат претходни сознанија за многу лица со лоши намери кон нас, и на нив нема да им биде дозволен влезот во државата, истакна претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Телма“.
Според претседателот, добро ќе е и Бугарија како наш сосед, да не поттикнува организирање на вакви конвои.
Претседателот сепак останува на ставот дека 4 февруари ќе помине во атмосфера каква што доликува, во црквата „Св. Спас“ и во околината, и дека ќе го чествуваме тој ден како што доликува на една цивилизирана демократска држава.
-Убеден сум дека надлежните органи ќе преземат се што е во нивна моќ да го поминеме 4 февруари на начин на кој ќе уште еднаш ќе бидеме претставени како држава која толерира различности, но не толерира навреди врз сопсѕтвениоот народ, додава Пендаровски.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори