Пендаровски: Не можеме да го отвораме Уставот по потреба
Настанот со отворањето на клубот “Ванчо Михајлов” е спорен поради две основни причини – името на клубот и структурата на бугарската делегацијата која дојде во Битола, смета претседателот Стево Пендаровски.
Во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат, Пендаровски своите забелешки ги упати како кон нашите институции, така и кон делегацијата од Бугарија.
– Според мое видување, спорни се два момента. Прво, името и пред сѐ името, морам да кажам дека тука кабаетот е на нашите институции што воопшто регистрирале институција од областа на културата со такво име. Втората маана, според мене, е структурата на делегацијата која дојде од Бугарија…ако во екипата е еден Каракачанов, или една Захариева, кои се архитектите на овој спор, на оваа блокада од Бугарија…, мислам дека добрата намера на Петков, со самиот состав на делегацијата и влегувањето во објект кој носи име на докажан фашистички колаборатор, е прилично поткопана или минимизирана, вели Пендаровски.
Говорејќи за барањата за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, Пендаровски рече дека за тоа прашање може да се разговара, но оти нема гаранции дека некоја наредна влада во Софија ќе нема други барања кон нас.
Ново на Сител
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација