Пендаровски: Наш приоритет треба да биде вложувањето во животната средина
Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на одбележувањето на 20-годишнината на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, што се одржа вчеравечер во Скопје.
Настанот, кој се одржа под покровителство на претседателот Пендаровски, беше организиран од Еко-свест, како стратешки партнер на Шведската агенција за развој и соработка-СИДА во спроведување на стратешкиот тригодишен проект „Заедно за климатска акција“ / Граѓанските организации во акција за климатските промени.
Еко-свест, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, е водечка организација во државата, која 20 години успешно постои и предводи политики за одржлив развој, зелена трансформација на општеството, заштита на животна средина и здравјето на луѓето.
Претседателот Пендаровски во своето обраќање ја истакна неговата поддршка на граѓанските организации, како и за интересот и грижата за животната средина, како едно од најзначајните прашања на денешнината. Тој повика на единство и заедничка работа за решавање на овие круцијални прашања од кој зависи нашиот опстанок како држава и општество.
-Во годините кои следат нужно е максимално сериозно да се посветиме на зелената агенда и да ги постигнеме сите зацртани цели за чиста средина, здрави граѓани, енергетска и економска стабилност и одржливост, заштитена природа и див свет и циркуларна, наместо сега доминантната линеарна економија, порача Претседателот во своето обраќање на одбележувањето на 20-годишнината на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест.
Ново на Сител
-
МЗ: На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
-
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина