Пендаровски информиран за реформите во судството и активностите за пописот
За тековните процеси на реформите во судството и за активностите и капацитетите на Државниот завод за статистика во пресрет на спроведувањето на пописот беше информиран претседателот Стево Пендаровски на денешната негова средба со министерот за правда Бојан Маричиќ и директорот на ДЗС Апостол Симовски.
Министерот за правда информирал за новата методологија за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите, како и за новата алатка за филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите.
Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, Пендаровски ја поздрави одлуката на Советот за реформи во правосудството за ветинг на судиите, оценувајќи ја како чекор напред во стекнување на доверба на граѓаните во работата на судството.
– Правната држава е од егзистенцијално значење и мора да биде поставена на здрави темели. Реформите во правосудството треба да бидат ефикасни и тука не смее да постои селективност и толеранција, посочи претседателот Пендаровски.
На средбата беа разменети мислења и за претстојните активности кои треба да ги реализираат државните институции за спроведување на пописот.
Директорот на Државниот завод за статистика, Симовски, како што информира Кабинетот на Пендаровски, истакна дека Заводот е целосно подготвен за спроведување на оваа статистичка операција во контекст на методолошкиот и техничкиот дел на пописот, и изрази очекување дека Законот наскоро ќе биде донесен, со цел навремено и адекватно постапување.
– Претседателот Пендаровски уште еднаш изрази очекување дека во новото законско решение ќе бидат вградени највисоките статистички стандарди на Еуростат со цел да се реализира валиден и кредибилен попис, како што соодветствува за една демократска држава, информира претседателскиот Кабинет.
Ново на Сител
-
Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење
-
Приведен 29-годишен возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога
-
Влада: Од денеска до 15 септември училишниот прибор со намалени цени од 10 и 15 проценти
-
Десетици уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда
-
Приведени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар
-
Презентација на нови 29 лесни оклопни возила за Армијата
-
Вкупно 29 пожари на отворено изминатите 24 часа, два сè уште активни
-
Германскиот канцелар го повика Путин да започне сериозни преговори со Трамп на Алјаска