Пендаровски-Ди Мајо: Поддршка од Италија за ЕУ и НАТО
– Италија ја подржува Македонија за интеграција во НАТО и ЕУ. Двете земји имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог. Ова е констатирано на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо, кој престојува официјална посета на земјава.
– Претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната јасна и безрезервна поддршка, која во континуитет и ја дава Италија на Македонија, во однос на нашите евроатлантски интеграции и се заблагодари за ратификувањето на Протоколот за членство на земјата во НАТО во италијанскиот парламент, соопшти кабинетот на претседателот.
Пендаровски истакна дека новата методологија на ЕУ за преговарање е прифатлива за Македонија, со цел да имаме ефективен процес на пристапување, со мерливи резултати и конкретни придобивки за граѓаните. Подвлече дека за Северна Макеоднија е клучно што поскоро државите членки на ЕУ да се усогласат за методологијата и земјата да добие датум за почеток на преговорите за време на хрватското претседателство со Европската Унија.
Двајцата соговорници на средбата разговараа и за економската соработка и инвестициите, како и за можностите тие во иднина да се интензивираат, соопшти кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Мајо денеска во Скопје ќе има средба и со својот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров, со премиерот Оливер Спасовски, а ќе разговара и со лидери на политички партии.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава