Пекинг воведува карантин поради вториот бран на коронавирусот
Пекинг повторно воведува строги рестриктивни мерки поради новиот бран на коронавирусот, а властите апелираат до граѓаните да не ги напуштат своите домови, пренесува весникот „Saut Čajna morning post “.
Весникот наведува дека сите основни и средни училишта во градот ќе бидат затворени, а учениците ќе продолжат со настава од дома. Универзитетите, исто така, се затвораат, како и сите забавни и спортски објекти.
Ситуацијата со вирусот во градот се оценува за „сериозна“.
-Властите на кинеската престолнина апелираат до граѓаните да не го напуштат градот, но дека во случај на итна потреба, тие мора да приложат потврда дека не се заразени, изјави заменик секретарот на Владата на Пекинг, Чен Беи. Според него, тестот не смее да биде постар од седум дена.
Пред неколку дена на еден од најголемите пазари во градот беше откриено ново жариште на коронавирусот. Претставник на главниот град изјави дека сите новооткриени носители на коронавирусот го посетиле кванташкиот пазар, а претставниците на округот Фенгтаи кажа дека заради претпазливост, целосно изолирале 11 населби околу пазарот.
Во Пекинг вчера беа регистрирани нови 27 заразени со Ковид 19, по два месеца кога немаше ниту еден случај на заболување. Од 11 јуни, вкупно 106 заразени пациенти се наоѓаат во болниците низ градот, во целосна изолација.
Ново на Сител
-
Охрид се подготвува за Водици
-
ЕУ нотираше - отпадот во Македонија не се рециклира
-
Во 2025 година о. Штип очекува да инкасира 60 милиони денари по основ данок на имот
-
Живот зависен од батерии
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето