Пекинг: САД да не го загрозуваат суверенитетот и безбедноста на Кина
Министерството за надворешни работи на Кина го предупреди денеска Вашингтон да не го оспорува суверенитетот на земјата, а со тоа одговори и на наводите дека САД планираат воени патроли на спорното Јужно Кинеско Море.
Портпаролот на кинеското Министерство Генг Шуанг истакна дека тензиите во Јужното Кинеско Море се стабилизирани благодарение на интензивната соработка на Кина и земјите од југоисточна Азија, и ги повика странските земји, вклучително и САД, да го почитуваат тоа.
- Ги повикуваме САД да не преземаат никакови акции што го загрозуваат сиверенитетот и безбедноста на Кина, истакна Генг на прес-конференцијата.
Американскиот весник „Нејви тајмс“ објави денеска, повикувајќи се на неименувани воени претставници, дека раководството на американската морнарица и Пацифичката команда ја разгледуваат можноста да воведат патроли во прометните води на Јужното Кинеско Море, во согласност со принципот на слободно пловење, а патролата да биде спроведена од страна на офанзивните групи на носачи на авиони „Карл Винсон“ од базата во Сан Диего.
САД, последен пат изведоа операција на слободно пловење во таа област во октомври.
Ново на Сител
-
Собранието ќе ја одржи 9. седница
-
Министерот Муцунски на НАТО работен појадок
-
Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач
-
Лабуристите победија на изборите во Велика Британија - Кир Стармер ќе биде новиот премиер
-
Сончево и топло, до 34 степени
-
На „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација