Пекинг: Испраќањето американски воен брод во Јужното Кинеско Море е провокација
Официјален Пекинг го оквалификува како провокација присуството на американскиот воен брод „Стетем“ во водите на Јужното Кинеско Море во близината на спорниот остров Тритон.
- Станува збор за сериозна воена и политичка провокација од страна на САД, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.
Островот Тритон е дел од групата Параселски Острови, за кои Кина тврди дека се дел од нејзнината територија, но кон кои свои претензии покажуваат и некои други земји во регионот, а пред се Филипините и Виетнам.
Како одговор на присуството на „Стетам’ во Јужното кинеско море, Кина испрати неколку свои воени бродови, како и борбени авиони кои го надгледуваат американското пловило.
Острата кинеска реакција, се случила само малку пред телефонскиот разговор меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во американското соопштение за разговорот на двајцата лидери не се споменува инцидентот, ниту острата кнеска реакција.
Официјален Вашингтон само споменува дека станало збор за потребата од денуклеаризацијата на Корејскит Полуостров.
САД досега во неколку наврти ја предупреди Кина поради „окупацијата“ на спорниот архипелаг и на „агресивните претензии“ на Пекинг кон островите.
Кина од своја стана постојано тврди дека станува збир за кинески суверениет врз островите.
Американскиот воен брод плови на 20 километри од брегот на островот Тритон.
Ново на Сител
-
Радев: Политиката на Скопје е насочена против европските принципи
-
Поднесена кривична пријава против Самка Ибраимовски за закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд
-
Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО
-
Штипјанец и гевгеличанка лишени од слобода поради дрога
-
Анкета на ИПИС: Мицкоски најпопуларен политичар, граѓаните очекуваат новата власт да биде подобра од претходната
-
ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
-
ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива
-
Претрес во Тетово, приведен дилер