-->
-->
Пехчевското село Умлена ќе добие плоштад
-->
Со средства од Бирото за регионален развој во пехчевското село Умлена ќе се уредува плоштадот со цел да се осовремени инфраструктурата што ќе придонесе и за збогатување на социјалниот живот во селото.
Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски информира дека во тек е тендерската постапка за избор на изведувач на градежните работи кои треба да завршат најдоцна до ноември 2016 година.
- Општина Пехчево за да ја подобри состојбата на централниот дел во селото аплицираше и доби финансиски средства од Бирото за регионален развој на Република Македонија преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2016 година, за финансирање проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Средствата се во вредност од 1.165.666,00 денари, а финансиското учество на општината е од 269.686,6 денари. Со овие финансиски средства комплетно ќе се уреди плоштадот во селото Умлена, рече Поповски.
Селото Умлена има 390 жител во кое жителите претежно се занимаваат со земјоделска дејнот.
- Сакаме да придонесеме во подобрување на квалитетот на животот во селото и со вакви и слични проекти ќе дадеме придонес за намалување на иселувањето и останување на младите во него, рече Поповски.
Пехчево во моментов работи на 12 проекти во вредност од 50 милиони денари. Дел од овие проекти се во завршна фаза, а наскоро се очекува свечено пуштање на туристичкиот локалитет Езерце во Пехчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба