Пехчево одбележува 73 години од ослободувањето
Со низа пригодни свечености, Пехчево денеска ја одбележа 73-годишнината од ослободувањето на градот и 21 години од создавањето на Општина Пехчево како посебна административна целина.
Одбележувањето на овие историски датуми од поновата историја на оваа мала малешевска општина започна со положување цвеќе пред споменикот на борецот од НОБ, Ванчо Китанов, при што пред споменикот се поклонија делегација од Општина Пехчево, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани и други.
На свечената седница на Советот, пред присутните се обрати претседавачот Стојче Стефановски, кој меѓу другото се задржа на историските прилики кои водеа до ослободувањето, но зборуваше и за развојот на Пехчево од ослободувањето до денес, а сцената ја разубавија и Камерниот мандолински оркестар од Пехчево и децата од детската градинка „7 Септември“ со изведба на песни и ора.
На седницата беа потенцирани реализираните проекти за периодот од 2013-2017 година. Притоа беше истакнато дека Општина Пехчево во овој период има реализирано над 100 проекти со поддршка на Владата, донатори, преку ИПА програмата и со средства од буџетот на Општината.
Градоначалникот Игор Поповски, истакна дека со проектите се опфатени сите селски населби, како и градот Пехчево.
- Во селата Робово, Чифлик, Умлена, Негрево, Црник, Панчарево, се работеше на низа инфратсруктурни проекти со кои ќе се олесни животот на жителите во овие рурални подрачја, рече Поповски.
Тој додаде дека дел од проектите во Пехчево, освен подобрување на инфраструктура, треба да донесат и нови инвестиции во стопанството.
- За мало стопанство или индустриската зона Чуката, донесен е нов детален урбанистички план, а заврши и изградбата на канализација и поставена е пречистителна станица и завршена е продажбата на парцели, донесен е и нов детален урбанистички план на туристичката населба Равна река на која е предвидено продажба на 300 градежни парцели од кои дел се веќе продадени, а завршена е и електрификацијата на Туристичката населба Равна река, истакна Поповски.
На свечената седница на Советот беа доделени благодарници и признанија на граѓани институции кои дале посебен придонес за развојот на Пехчево. Благодарница доби ФК „КИТ - ГО“ за најголем придонес во спортот и развој на фудбалот во Пехчево, како и ученичката Антонела Поповска - за ученик на генерација при ООУ „Ванчо Китанов“ - Пехчево за учебната 2016/2017 година.
Ново на Сител
-
Тошковски: За пожарите досега приведени околку 20 лица, за дел има основани сомненија дека се организирана група
-
Приведен 46-годишен маж од Крушево поради злоупотреба на службена должност
-
Еднонеделен годишен одмор не можат да си дозволат 27 отсто од граѓаните на ЕУ
-
Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите
-
Со докази од Скај комуникација откриен шверц на кокаин
-
Приведен 42-годишен затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово
-
Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат
-
Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици