Педесетина граѓани се повредени после земјотресите во Скопје
Педесетина граѓани се повредени после земјотресите во Скопје. Според информациите на Сител најмногу, над 30 пациенти со скршеници на рацете и нозете, расекотини попладнево примени се во Клиниката за хируршки болести св.Наум Охридски.
Десетина пациенти се третирани во ГОБ 8 септември. Лекари од болницата информираат дека се уште се прават неопходни снимања на дел од пациентите за да се утврдат повредите. Како што изјавиле некои од пациентите, се повредиле додека се обидувале да избегаат од домовите за време на силниот земјотрес. Некои паднале по скали, други пак скокале од терасите од пониските спратови. Брзата помош само за 2 часа интервенирала кај 6 пациенти повредени при земјотресот. Сите биле транспортирани во скопските болници. Во Ургентниот центар при клиничкиот центар примени се двајца работници кои за време на земјотресот околу 15.10 минути работеле во магацин. Едниот имал потрес, а другиот се здобил со расекотини.
Ново на Сител
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата