Печалбарите го зголемија откупот на овни за Курбан Бајрам
Пред претстојниот голем муслимански празник Курбан Бајрам во Дебар најбарани на пазарот се овните, кои верниците ги принесуваат за курбан.
Поради големото присуство на печалбарите бројот на продаденте грла овни се очекува да биде поголем споредено со минатите години кога во просек се продаваа од 1.500 до 2.000 грла.
Според сточарите со кои разговаравме, досега продале околу 1.500 грла овни.
-Цената во споредба со лани е речиси идентична и таа во зависност од тежината, се движи од 70 до 100 евра,а поретко и по 300 евра по грло. Поради масовното присуство на печалбарите во поширокиот дебарски регион очекуваме за овој празник да продадеме околу 2.500 грла овни, велат сточарите.
Бидејќи луѓето немаат простор каде да ги чуваат, вообичаено поголема продажба очекуваат денес и посебно утре кога во Дебар е пазар каде да пазаруваат доаѓаат и жители од општина Центар Жупа,подрачјето на Река,како и од пограничните албански села.
Курбанот, според верниците, се коли, првиот ден од празникот, по што месото се распределува на сиромашни семејства.
Традицијата на вековен верски соживот и толеранција, како што потврдуваат верниците, се почитува и при распределбата на месото од курбанот. Тоа значи дека муслиманските верници курбан им даваат и на семејства од православната вероисповест.
Првиот ден од големиот муслимански празник Курбан Бајрам, се паѓа на 11 август (недела). Празникот се слави четири дена.
Овој празник се нарекува уште и Аџи Бајрам,бидејќи на светите места Мека и Медина, во Саудиска Арабија,голем број верници го реализираат петтиот столб на исламот а тоа е аџилакот.
Од дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, годинава на аџилак се 36 верници, кои како што ни потврди муфтијата Хаџи Рамазан Ефенди Хаса, се чувствуваат добро и нормално ги обавуваат верските обреди.
Од Република Северна Македонија на аџилак се 850 верници. Најмалиот верник е на петгодишна возраст додека највозрасниот има 82 години.
Ново на Сител
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи