Пецас: Нема наводи за сериозно повредени лица во земјотресот во Атина
Два стари и ненаселени објекта во две атински населби се урнале во денешниот земјотрес, а регистрирана е штета на фасадите на домови во неколку населби во Атина и не постојат наводи за сериозно повредени лица, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, јави дописничката на МИА од Атина.
Противпожарната служба на Грција добила повици од граѓани кои биле заглавени во лифтови.
Портпаролот на грчката Влада истакна дека државниот механизам е во состојба на готовност, доколку биде потребно.
– Премиерот континуирано се информира. Министерството за национална одбрана е на располагање во случај да биде потребна помош. Препорачувам смиреност и ги повикувам граѓаните да се информираат и да ги преземаат неопходните мерки за нивна заштита, вели Пецас.
Тој објасни дека земјотресот се случи во 14,13 часот, со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал на 23 километри северозападно од Атина на планината Парнита.
Ново на Сител
-
Денеска е Светски ден на чоколадото
-
Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати
-
Владина делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон - јакнење на билатералните односи со САД и афирмирање на земјава како стабилен партнер
-
Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија
-
МВР: Претреси на три локации во село Гајре, едно лице задржано на информативен разговор за убистото во Тетово
-
Борел: Орбан ја претставува само Унгарија, а не и ЕУ, на самитот на туркофонските земји во Азербејџан
-
Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри
-
Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам