Патроли низ Аеродром за шетање кучиња без маска и за велосипедските патеки
Комуналните служби на Аеродром во придружба на полицијата од денеска ќе почнат со засилени патроли низ општината за да утврдат дали граѓаните ги шетаат своите миленици со маска на устата и дали се почитуваат правата на велосипедистите.
Општина Аеродром апелира до граѓаните да ги шетаат своите миленици со маска на устата и да носат ќеси за собирање на изметот што тие зад себе го оставаат на јавните површини.
Шетањето на милениците со маска и собирањето на нивниот измет е обврска на граѓаните што произлегува од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за јавна чистота. Доколку не се почитуваат одредбите од овие два закони следуваат казни во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
Општина Аеродром апелира до граѓаните да го почитуваат правото на велосипедистите и ролерџиите да ги користат патеките покрај Вардар и покрај булеварите наменети исклучиво за нив, пред се од безбедносни причини.
Велосипедските патеки не смеат да ги користат пешаци, мотоциклисти и лица кои ги шетаат своите миленици бидејќи претставуваат потенцијална опасност за велосипедистите и ролерџиите, за кои се наменети овие патеки.
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата