-->
-->
Партизан сепак пресилен за МЗТ Скопје Аеродром
-->
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе пораз на гостувањето кај Партизан во меч од 15.коло на регионалната АБА лигата.
На натпреварот одигран вечерва во Белград, МЗТ Скопје загуби од партизан со 91-76 по четвртини 24:24, 23:18, 16:14 и 28-20.
Аеродромци беа рамноправни само во првата четвртина која заврши нерешено 24:24, но од стартот на втората па се до крајот на мечот домашните кошаркари беа оние кои постјано го контолираа резултатот и на крајост сосема заслужено се радуваа на дванаесетата победа сезонава. Ова беше единаесетти пораз за МЗТ Скопје во АБА кокуренцијата.
Во редовите на макеоднскиот првак најефикасен беше Стефан Синовец со 20 поени, додека Џош Скот покрај 15-те поени имаше и 11 скокови. Јовица Величковиќ со 21 поени беше најефикасен во редовите на Партизан, воедно и на натпреварот.
Покрај овој меч, вечерва се игра и средбата во Белград, каде Партизан го пречекува македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во дуелот кој ќе започне од 19 часот.
Во првиот меч од ова коло, екипата на Игокеа го совлада нашиот втор претставник во АБА, Карпош Соколи со 79-71.
Утре ќе се играат два натпревари, Мега Лекс – ФМП и дербито во Загреб меѓу Цедевита и непоразената Црвена Звезда. За во понеделник закажан е мечот Задар – Будуќност, додека колото ќе биде комплетирано во вторник со средбите, Крка - Олимпија и Морнар – Цибона.
Табела: Црвена Звезда 14-0 (победи-порази), Партизан 12-3, Цедевита 10-4, Цибона 10-4, Будуќност 10-4, Игокеа 8-7, Олимпија 6-8, Карпош Соколи 4-11, МЗТ Скопје 4-11, Задар 5-9, Крка 5-9, Морнар 4-10, Мега Лекс 4-10 и ФМП 4-10
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сервер: Договор кој ќе го компромитира суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина ќе охрабри сецесионизам и иредентизам на Балканот
-
Нов пакет санкции од Брисел за Москва
-
Зеленски: Поради руските напади во Одеса најмалку 160.000 луѓе се без греење и електрична енергија
-
Од 1 Јули во Бугарија зголемување на сите пензии за 11 отсто
-
Kривична за Перпарим Бајрами: Закупил простории за Лотарија по цена најмалку два пати повиска од реалната
-
Угина мајмун во скопската Зоолошка
-
Украински напад предизвика пожар во руска нафтена рафинерија - нема жртви | ВИДЕО
-
Македонската репрезентација со 27 кикбоксери на Кик Бокс европски куп во Пловдив