Партиите во Албанија не се договорија за изборната реформа
Политичките партии во Албанија не успеаа да постигнат консензус за изборната реформа,за што краен рок беше 31 мај, што самите си го зададоа.
По повеќечасовна расправа, на која и претходеа одвоени средби со странските дипломати и ветувања дека договорот за изборната реформа ќе ја заокружат до синоќа до 24 часот, тоа не се случи.
Најавено е, сепак, дека ќе продолжат средбите на Политичкиот совет, во кој членуваат претставнци од владеачкото мнозинство, парламентарната и вонпарламентарната опозиција.
-Опозицијата понуди консензус. Но Социјалистичката партија не е подготвена за него, зашто што сака да спроведе избори како оние од 30 јуни. Опозицијата не се откажува од гаранцијата за слободно даден глас. Подготвени сме да продолжиме со работата на Советот и очекуваме СП да го направи првиот чекор,изјави Оерд Булукбаши, претставник на вонпарламентарната опозициска Демократска партија.
Тој обвини дека сите напори на Социјалистичката партија е да ги задржи привилегиите и да не се откажува од комисиите и контролата врз Централната изборна комисија.
За претставникот на опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Петрит Васили, изборната реформа не е прашање на политички пазарење, туку процес на гарантирање на
слободни и демократски избори.
Засега нема коментар од владеачката СП за непостигнување консензуз околу ова прашање кое е еден од 15 услови за почеток на преговорите со ЕУ.
Според албанските медиуми една од главните точки за која партиите не можеле да се согласат е предлогот на опозицијата да се избира техничка влада 100 дена пред избори.
Шефот на државата Илир Мета вчера ги повика партиите да го исполнат ветувањето за консензус и да ја усогласат изборната реформа и побара народот да го избира и претседателот на државата на непосредни избори.
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички