Македонија
17. April 2024 - 16:39

Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори

Некои потпишаа и испратија пораки за фер и демократски парламентарни избори. Некои потпишаа, но велат дека не веруваат во изборниот процес. Некои седнаа на столчето што им го одреди ДИК, но потпис не ставија. Дел и воопшто не се појавија. Кодексот на ДИК за фер и демократски избори помина во знакот на предизборието -  со меѓусебни напади и критики иако документот треба да ги обврзе партиите на спротивното.

Четирите големи коалиции на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ и на албанската опозиција главно со позитивни оценки за Кодексот и изборниот процес.

Иако пристуни Кодексот не го потпишаа од ГРОМ, Работничка партија и од Демократи. Иако потпишаа и други имаа заблешеки за процесот.

Претставници на Левица, Родина, Трета македонска ера, Единствена Македонија не се ни појавија во салата на Собранието каде се потпишуваше Кодексот.