Парламентарни избори во Финска
Во Финска денеска се одржуваат парламентарни избори на кои повеќе од три милиони Финци со право на глас ќе можат да изберат 200 пратеници.
На изборите учествуваат повеќе од 2.400 кандидати од 22 партии, а анкетите покажуваат дека најголема поддршка има десничарската партија „Национална коалиција“, како и Социјалдемократската партија на актуелната финска премиерка Сана Марин, како и националистичката партија „Финска“, а секоја има околу 20 проценти поддршка.
Премиерката Марин (34), која во 2019 година стана најмладата премиерка на светот, на денешните избори се бори да остане на власт, со оглед на фактот дека земјата се соочува со рецесија, пренесуваат британските медиуми.
Опозицијата ја критикува финската коалициска влада на левиот центар за прекумерно трошење, додека премиерката смета дека распределбите за образование и здравствени услуги се клучни за да се обезбеди економски раст.
Нејзините политички ривали, десничарот Петери Орпо од Националната коалициска партија и Рик Пури од националистичката партија „Финска“, повикуваат на фискално штедење за да се обноват државните финансии.
Резултатите од последното истражување покажуваат дека Националната коалициска партија води со поддршка од 19,8 отсто, пред социјалдемократите на премиерката со 18,4 отсто и партијата Финска, која има 19,2 отсто поддршка.
Доколку има такви изборни резултати, ниту една од овие партии нема да може сама да формира влада.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино