Македонија
31. May 2022 - 13:15

Паркирано товарно возило се придвижило и го удрило возачот

На 30.05.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во каменолом на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на с.Јаболце, општина Сопиште, товарно возило „ивеко карго“, со скопски регистарски ознаки, кое претходно било паркирано, се придвижило и удрило во возачот З.С.(50) од Скопје, соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.