Македонија
11. November 2015 - 17:01

Парк „Кино Карпош“ за жителите од Дебар Маало

Жителите на Дебар Маало добија нов парк, „Кино Карпош“. На 500 метри квадратни се засадени 15 дрвја, листопадни, зимзелени и јапонски цреши.

На отворањето на паркот, градоначалникот на Центар Андреј Жерновски најави дека следен проект во Дебар Маало е изградба на комбинирано детско и спортско игралиште на улицата „Славка Недиќ“. Постечката вегетација ќе биде задржана, а ќе се реконструира кошаркарскиот терен и летниковецот што се наоѓа таму.